Лукаку му донесе триумф на Интер против Наполи, Џенова со голем бод против Милан (ВИДЕО)

Интер стигна до голема победа во дербито на 12. коло во Серија А против Наполи со 1-0. Клучниот момент се случи во 71. минута кога Оспина го фаулираше Дармиан, а сигурен од белата точка беше Ромелу Лукаку. Македонскиот интернационалец, Елиф Елмас доби шасна во финишот откако во 85. минута го замени Деме.

Џенова без Горан Пандев кој поради повреда е надвор од тимот успеа да освои голем бод против лидерот на табелата Милан одигрувајќи 2-2. Дестро на двапати стрелаше за џеновјаните, додека стрелци на головите за „росонерите“ беа Калабрија и Кјатенга.

 

РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 12. КОЛО: 

Фиорентина – Сасуоло 1-1

Џенова – Милан  2-2

Интер – Наполи 1-0

Парма – Калјари 0-0

Специја – Болоња  2-2

Верона – Сампдорија  1-2

 

 

 

Се вчитува...