Лукаку: Нема потреба за чудење на моите мускули, на 15-годишна возраст кревав тегови од 100 килограми

По 30 одиграни кола во Серија А, Интер е лидер на табелата со 74 бода, 11 повеќе од првиот вицешампион и градски ривал Милан, и 12 повеќе од Јувентус. Еден од најзаслужните ако не и најзаслужниот за тоа е напаѓачот на „нероазурите“, Ромелу Лукаку. Одличниот Белгиец досега постигна 21 гол во Серија А и во моментов е втор стрелец во лигата.

Белгискиот напаѓач вчера одговори на интересни прашања од фановите на Инстаграм платформата во живо, а некои од нив го привлекуваа вниманието на јавноста. Лукаку е препознатлив по мускулите и силата што ја поседува, па еден обожавател го праша колку тренира.

„Хаха, ќе ти кажам нешто. Нема потреба за чудење на моите мускули, кога имав 15 години, лесно можев да кренам тегови од 100 килограми, но денес тоа не ми е дозволено. Не затоа што не можам, туку затоа што моите тренери за фитнес не ми дозволуваат. Се обидов еднаш, а потоа тие се налутија на мене“, изјави Лукаку.

Оваа сезона тој постигна 21 гол на 29 натпревари и е на второто место на листата на стрелци, веднаш по недопирливиот Кристијано Роналдо кој ја затресе мрежата на 25 дуели оваа сезона.

Се вчитува...