Лукаку растура, Интер реди победи

Интер направи уште еден значаен чекор напред кон шампионската титула триумфирајќи на мечот против Џенова со 3-0. Слично како и на поголемиот дел од претходните овосезонски натпревари, повторно во главна улога беше Ромелу Лукаку, кој беше најзаслужен за новите три бода на составот на Антонио Конте.

Белгискиот џин уште еднаш ги потврди голгетерските способности со гол во 35. секунда од мечот, а по бројните промашувања на Интер во првото полувреме на одмор се замина само со 1-0 за „нероаѕурите“. Дилемите околу победникот беа разрешени кога Лукаку асистираше до Дармијан, а десниот бек го матираше одличниот Перин, пред конечните 3-0 да ги постави „резервистот“ Алексис Санчез, во уште една акција во која учествуваше Ромелу.

Интер сега има 56 бода, седум повеќе од второпласираниот Милан, кој вечерва ќе го игра својот меч од ова коло, на гостински терен против Рома.

Се вчитува...