Лукаку се откажа од Челси, па на „Фејсбук“ напиша дека е фудбалер на Интер (ФОТО)

Ромелу Лукаку не беше во тимот на Челси за дербито против Ливерпул. Тренерот Томас Тухел без ниакква дилема одлучи да го казни Белгиецот за интервјуто во кое зборуваше дека се кае зошто си заминал од Интер.

Освен тоа Лукаку испрати критики и до Тухел и до Челси. По ваквата ситуација Лукаку го промени клубот за кој игра на неговиот „Фејсбук“. Сега во информациите стои дека е играч на Интер.

Навивачите на Интер потенцираат дека оваа промена е направена во истиот ден после најавите дека ќе се врати на „Џузепе Меаца“. Сепак, на „Инстаграм“ нема промена, додека неговиот „Твитер“ профил е избришан.

Еве како изгледа „Фејсбук“ страната на Лукаку –  https://www.facebook.com/Romelulukaku

Се вчитува...