Лукаку: Се враќам со големо искуство во клубот за кој навивам од детство (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Европа своите редови ги засили со Ромелу Лукаку кој од Интер пристигна на „Стемфорџ Бриџ“ за сума од 115 милиони евра. Ова воедно значи и враќање на „Биг Ром“ во добро позната средина со оглед на тоа што синиот дрес го носеше од 2011 до 2013 година.

Репрезентативецот на Белгија не го криеше задоволството од трансферот и вели дека во Челси има недовршена работа.

„Среќен сум и благословен што сум повторно назад во овој прекрасен клуб. Ова беше долго патување за мене, дојдов тука како дете кое требаше уште многу да учи, сега се враќам со големо искуство и поголема зрелост. Односот кој го имам со овој клуб ми значи премногу, како што знаете. Од дете навивам за Челси и сега се враќам и ќе се обидам да му помогнам да освои повеќе титули, чувството е неверојатно. Амбициите на клубот ми одговараат перфектно, се враќам по освоена титула во Серија А и мислам дека можноста дојде во вистинско време и се надевам дека заедно ќе имаме многу успех. Откако го напуштив Челси поминав долг пат со подеми и падови, но тие искуства ме направија посилен и предизвик ми е да му помогнам на тимот да освои повеќе трофеи. Не можам да дочекам да почнам“, изјави голгетерот.

Се вчитува...