Лукаку тргна да се тепа со Ибра, соиграчите го држеа (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку беа на чекор од голем инцидент во четвртфиналниот натпревар од Копа Италија меѓу Милан и Интер. Двајцата одлични фудбалери влегоа во меѓусебен конфликт кон крајот на првиот дел, кој за среќа заврши само со кошкање, а главниот судија на мечот им покажа жолти картони.

Сепак, Ибрахимовиќ му дофрли на Белгиецот „Ти ку*кин сине!!!“ по што тој не остана рамнодушен и по крајот на првиот дел повторно тргна да се пресмета со Швеѓанецот, а целата ситуација мораа да ја смируваат сите актери на теренот.

 

 

 

Се вчитува...