Лукаку во 119. минута донесе четвртфинале за Интер во Купот на Италија (ВИДЕО)

Интер си закажа пресметка со Милан во четвртфиналето од Купот на Италија, откако во осминафиналето дури по продолженијата славеше со 1-2 на гостувањето против Фиорентина.

Победата на „нераѕурите“ ја донесе Лукаку со погодокот во 119. минута од средбата.

 

Претходно, Видал од пенал во 40. минута го донесе Интер до водство, а израмни Куаме во 57. минута.

Пресметката меѓу Интер и Милан во четвртфиналето од Купот на Италија е закажана за 21. јануари.

Се вчитува...