Лукас од Пелистер ја одби Шкендија, замина во Албанија

Огромната криза на Пелистер придонесе клучните играчи да си заминуваат од Битола, па така и Бразилецот Лукас Фереира Кардосо повеќе не е член на „зелено-белите“. Овој офанзивен фудбалер, кој беше најдобар играч на „пелистерци“ во првиот дел од сезоната, својата кариера ќе ја продолжи во шампионатот на Албанија, откако потпиша договор со екипата на Партизани.

Бразилецот се покажа како големо засилување за „пелистерци“, а неговите одлични игри во македонскиот шампионат беа забележани од страна на раководството на Шкендија, кое се обиде да го доведе Лукас во Тетово. Сепак, фудбалерот ја одби понудата на лидерот на табелата во нашето првенство и наместо тоа реши кариера да ја продолжи во Албанија.

„Успешно ги финиширавме преговорите со Лукас Фереира Кардосо, одличен фудбалер кој може да игра како класичен напаѓач, но и по крилните офанзивни позиции. Тој постигна шест гола во првиот дел од сезоната во македонското првенство“ – се пофалија од раководството на Партизани.

Се вчитува...