Лукаш Леива замина на операција на коленото

Серија А е суспендирана, нема да продолжи најмалку уште еден месец, а фудбалерот за врска на Лацио, Лукаш Леива, ќе го искористи овој период за да ја санира повредата на коленото. Тој замина на операција на менискусот и се очекува да закрепне за триесетина дена, па ќе се врати навреме и за да ја доигра сезоната во италијанскиот шампион доколку тоа го дозволи пандемијата на коронавирусот.

Бразилскиот интернационалец подолг период се жалел на болки во коленото и добил дозвола од тренерот Симоне Инзаги да замине под нож токму во периодот во кој натпреварите од Серија А се суспендирани поради Covid-19. Лукаш Леива од 2017 го носи дресот на Лацио, досега има 85 настапи и два постигнати гола.

Се вчитува...