Лукаш Моура – Кога деснак ќе даде хет – трик со левата нога за финале во ЛШ

Да не ти се верува. Така делуваше и самиот Лукаш Моура откако постигна хет – трик и го одведе Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите. Англискиот тим славеше со 2-3 на гости против Ајакс и ја анулираше негативата од првиот меч во Лондон.

Бразилецот е деснак, многу подобро игра и шутира со десната нога, но синоќа на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам влезе во историјата како првиот играч кој постигнал хет – трик со ’послабата нога’.

„Неверојатно. И самиот не можам да поверувам. Среќен сум поради хет – трикот, но тоа е плод на играта на моите соиграчи. Не е важно кој ќе ги постигне головите, важно е Тотенхем да победи. Најважно е што Тотенхем ќе игра во финалето на Лигата на шампионите“, изјави Лукаш Моура, трикратниот стрелец на дуелот против Ајакс.

Тотенхем и Ливерпул ќе играат англиско финале во ЛШ на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни.

Се вчитува...