Лукашенко не попушта пред Ковид-19: Белоруската лига сега е најпопуларна во светот…

Белорусија и нејзиниот претседател Александар Лукашенко и натаму ги ингорираат сите повици за карантин на државата пред пандемијата на коронавирусот. Лукашенко и натаму тврди дека сето ова е само непотребна психоза, продолжувајќи да ги советува своите граѓани да пијат вотка како начин за заштита.

Но, токму оваа упорност на Лукашенко, од друга страна, ја претвори белоруската фудбалска лига најпопуларна во светот, ако се знае дека буквално сите останати фудбалски првенства во Европа се прекинати. Па ако се погледне статистиката, белорускиот шампионат сега руши рекорди на ТВ станиците и меѓу онлајн обложувачите. Дури 11 нови спортски ТВ канали потпишале договори за пренесување на натпреварите од белорускиот шампионат.

Деновиве се засилија и барањата за прекин на првенството, од страна на неколку белоруски здруженија, но Лукашенко останува глув и на сето тоа. Дел од научната јавност во Белорусија смета дека мерките за заштита од коронавирусот мора да се засилат, но првиот човек на државата и натаму не се согласува со тоа.

Се вчитува...