Луксузот на Абрамович: Приватните авиони со противракетен состав (ФОТО)

Рускиот милијардер, Роман Абрамович, тежок 12 милијарди долари, 80 милиони од тоа богатство неодамна потроши на својот трет Боинг кој, овој пат, е со антибалистички безбедносен состав, идентичен на оној со кој лета и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Русинот својот најнов Боинг 767-33А дополнително го опреми со позлатен инвертар, посебна спална соба, комплетна кујна како и специјален салон за забава кој прима 30 лица. А, името на авионот е „Бандит“.

Абрамович од претходно има и Боинг 767-300 како и Боинг 767-700. Целокупната негова авио-флота вреди 200 милиони долари. Останатите два авиони се повеќе деловни со конференциски сали и повеќе еднокреветни соби, но секако не се ниту блиску до „Бандит“.

Добро е познато дека рускиот милијардер си има и бројни луксузни јахти за крстарење ширум светот.

Се вчитува...