Љунгберг со реми против Норич дебитираше на клупата на Арсенал

Арсенал ја почна ерата на Фреди Љунгберг, кој го наследи Унаи Емери на клупата, со реми (2-2) на гости против Норич. Тимо Пуки го доведе домаќинот во водство во 21.минута, но само осум минути подоцна израмни Обамејанг од пенал.

Тод Кантвел пред самиот крај на првиот дел повторно донесе предност за Норич, но Обамејанг со втор гол во продолжението од натпреварот не дозволи Љунгберг да дебитира со пораз.

Се вчитува...