Љупчо Марковски замина од клупата на Работнички, тимот продолжува да го води Игњатов

Љупчо Марковски не е повеќе шеф на стручниот штаб на Работнички.

По вчерашниот убедлив пораз (5-0) од Шкупи, тој заминува од тренерската функцијата, поднесувајќи оставка од морални причини која му е прифатена од раководството на клубот.

На Куп-натпреварот што во среда против БВК Коњари „романтичарите“ ќе ги води досегашниот прв асистент Стојанче Игњатов.

Се вчитува...