Љушо и Чуркоска победници на едриличарската „Илинденска регата“

Мерт Љушо од едриличарските клуб „Снегар“ од Струга е победник во генералниот пласман на едриличарската „Илинденска регата 2021“ која се одржа во Струга.

Во конкуренција на 16 едрилици, во класата Оптимист, Љушо триумфираше пред Берт Љушо и Андреа Чуркоска.

Кај девојките најдобра беше Чуркоска, пред Јана Чолакоска од ЕК „Снегар“ и Евгенија Ставрева од ЕК „Акватика Јахтинг“ од Охрид.

„Регатата започна во 12:25 часот кога стартираа сите пријавени натпреварувачи. Се едреше во три насоки според упатствата за едрење од старт во ветар кон значка 1, полн ветар кон значка 2 и со крмен ветар кон значка 3. Едрењето на првата трка од старт до цел на првиот брод за класата Оптимист траеше 45 минути. До крајот на регатата ветрот постигна 16 м/сек. и бранови со умерена ампли¬фи¬туда до 3 D. Втората трка започна во 13:50 часот со ветар од околу 4 bf, и тенденција на постојано зголемување. Веднаш по почетокот на регатата ветрот продолжи да зајакнува и ја премина границата од 4 bf определена во Правилата на класата Оптимист, па следните трки беа одложени. При таква состојба регатниот одбор во 15:20 одлучи да се бодира постоечката регата како конечен резултат на Илинденската регата. По завршување на регатата од страна на судиите беа регистрирани два усни приговори без писмен поднесок. По сослушување на учесниците беше усвоен еден приговор“ – информираа од Едриличарската федерација на Македонија.

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ:

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1. Мерт Љушо (ЕК Снегар – Струга)
2. Берт Љушо (ЕК Снегар – Струга)
3. Андреа Чуркоска (ЕК Снегар – Струга)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАМАН – ДЕВОЈКИ
1. Андреа Чуркоска (ЕК Снегар – Струга)
2. Јана Чолакоска (ЕК Снегар – Струга)
3. Евгенија Ставрева (ЕК Акватика Јахтинг – Охрид)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ДО 12 ГОДИНИ
1. Берт Љушо (ЕК Снегар – Струга)
2. Андреа Чуркоска (ЕК Снегар – Струга)
3. Мила Булатовиќ (ЕК Акватика Јахтинг – Охрид)

Се вчитува...