Изминатиот викенд покрај дуелите во младинската конкуренција до 18 години беа одиграни и натпреварите од М-16 по кои се познати учесниците во четвртфиналето од разигрувањето за титула.
Во саботата беа одиграни шест дуели по кои на победи се радуваа Струмица која славеше над Куманово 2009 со 76-69, Партизан Водно Санс кој го доби дуелот против Шкупи со 101-21, Црн Дрим кој славеше против Дино Баскет со 65-73, МВП Струмица кој го доби дуелот против Еуро Никел со 79-48, Чаир 2030 кој ја доби средбата против Тетова со 62-37 и Ангели кој славеше против Кожув со 63-43.
Во втората елиминациска фаза МЗТ Скопје славеше против Ангели со 75-52, Гостивар ја доби средбата против Чаир 2030 со 63-56, Работнички беше убедлив против МВП Струмица со 82-48, Феникс 2010 забележа нова победа со повеќе од сто поени, славејќи против Црн Дрим со 118-66, Вардар беше убедлив против Партизан Водно Санс со 127-74, додека ФМП славеше со 107-69 над Струмица.
Во четвртфиналето ќе се сретнат тимовите на МЗТ Скопје и Академија ФМП, Гостивар и Вардар, како и Работнички и Феникс 2010. Победниците од овие дуели ќе се пласираат на завршниот турнир, додека поразените ќе на мини-турнир ќе се борат за последното место на Ф4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА