Во очекување на финалето од Првата лига, изминатиот викенд продолжија и младинските лиги во категориите до 16 и 18 години со елиминациски дуели по кои бевме сведоци на убедливи победи на фаворитите.
Првиот ден од викендот започна со убедлива победа на Феникс 2010 над Тетова од 140-14, а продолжи во истото темпо и на натпреварите помеѓу Партизан Водно Санс 1 и Еуро Никел (95-66), Работнички 2 и Гостивар (89-64), МЗТ Скопје и Кожув (91-33), Пелистер Медика Карта и ТФТ (51-81), како и дуелот помеѓу Навико ФМП и Струмица (90-78).
Неизвесно беше на натпреварот помеѓу Шкупи и Црн Дрим кој беше решен во последната минута, а победата му припадна на скопскиот состав кој славеше со 60-57. Покрај овие натпревари, требаше да биде одигран и дуелот помеѓу Вардар и Партизан Водно Санс 2, кој службено му припадна на „црвено-црниот“ состав.
Победиците од овие средби го осигураа своето место во следното елиминациско коло кое беше одигран ден подоцна.
Во неделните натпревари место во четвртфиналето избори екипата на Куманово која го совлада Шкупи со 86-53, МЗТ Уни Банка славеше против ТФТ со 116-57, МЗТ Скопје забележа победа од 90-30 над Чаир 2030, Работнички 2 славеше против Работнички со 94-101, Феникс забележа нова убедлива победа, овој пат од 122-56 над ФМП, додека дербито на колото му припадна на составот на Партизан Водно Санс кој славеше против Вардар со 83-80.
Во следната рунда силите ќе си ги одмерат:
Куманово 2009 – Партизан Водно Санс 1
МЗТ Скопје Уни Банка – Феникс 2010
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА