M16: Работнички преку Феникс 2010 до трофеј, Шошкиќ МВП

Екипата на Работнички е одвојувачот на овогодишното издание на младинската лига за играчи под 16 години откако во финалето славеше со 92-85 над Феникс 2010.

По неизвесното прво полувреме, Работнички имаше и двоцифрена предност во третата четвртина, но Феникс во ниеден момент не се предаде, а на крајот беше блиску и до негативна од само еден посед. Сепак Работнички во вистински момент ги консолидираше своите редови одолеа на пресингот по цел терен и заслужено славеше.

Натпреварот за трето место му припадна на составот на Вардар кој го доби дуелот против МЗТ Скопје со 109-91.

За најкорисен играч на финалето беше прогласен кошаркарот на Работнички, Андреј Шошкиќ.

Се вчитува...