Мачење против Бахреинците: На крајот супер предност од 12-8 на полувремето!

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Македонија се мачи во првото полувреме против Бахреин во второто коло од Групата Б на Светското првенство во Германија и во Данска. Избраниците на Раул Гонзалес на паузата заминаа со предност од четири гола (12-8) благодарение на одлично одиграните неколку последни минути од првиот дел.

Во полувреме со многу наши осцилации во играта почнавме лошо дозволувајќи противникот да дојде брзо до предност од 1-2. Но потоа одлична игра во одбраната, и со серија од 5-0 пресврт до 6-2. Шесттиот гол вистинско ремек-дело на капитенот Кирил Лазаров…

Но, потоа неочекуван пад во играта и бројни грешки во одбраната па Бахреинците дојдоа до неверојатен пресврт и водство од 6-7.

По тајм-аутот на Раул Гонзалес конечно ново освестување и враќање на цврстата одбрана со која до полувремето стигнавме до 12-8, благодарение само на одлично одиграните последни минути за, на крајот, сосема пристојна предност.

Се вчитува...