Мадрид му се поклонува на „кралот“ Родриго

Родриго Гоеш е новата суперѕвезда на Реал Мадрид. Младото момче ја дочека шансата и ја искористи на најдобар можен начин. Огромниот талент блесна и на најпрестижната сцена и стана вториот најмлад фудбалер во историјата кој постигнал хет – трик во Лигата на шампионите.

Родриго тоа го стори со 18 години и 301 ден, а помлад од него беше само Раул Гонзалес, легендата на Реал Мадрид, кој постигна хет – трик против Ференцварош во октомври 1995 година со 18 години и 133 дена. Трет на вечната листа е Вејн Руни, кој во септември 2004 година даде три гола на натпревар од ЛШ против Фенербахче со 18 години и 340 дена.

Талентот на Родриго Гоеш први го открија претставниците на спортската компанија „Најк“. Во 2012 година, тие му понудија договор за рекламирање на престижните спортски производи на негови 11 години. Потоа тој стана најмладиот Бразилец во историјата кој постигнал гол во Копа Либертадорес како член на Сантош (17 години, 2 месеци и 6 дена) и најмладиот Бразилец на кого тоа му успеало во Лигата на шампионите (18 години, 9 месеци и 28 дена).

Се вчитува...