Мадрид не простува: „Бернабеу“ ечеше од свирежи за Герет Бејл (видео)

Герет Бејл ги навреди призврзаниците на Реал Мадрид со односот по триумфот со селекцијата на Велс, кога се сликаше со транспарент на кој „кралскиот клуб“ е наведен како последен на неговата листа со приоритети.

Одговорот на мадридската публика можевме да го проследиме вечерва, откако сите присутни на „Сантијаго Бернабеу“ едногласно го исвиркаа Бејл при неговото влегување во игра во второто полувреме од мечот со Реал Сосиедад.

Навивачите најпрвин со громогласен аплауз го поздравија Родриго додека го напушташе теренот, но штом официјалниот спикер го спомна името на Герет Бејл, следеше бурна реакција од трибините…

Се вчитува...