Маестрален гол на Перишиќ во новиот триумф на Интер… (видео)

Интер продолжува со максималниот ефект на стартот од сезоната во Серија А, запишувајќи ја и третата победа во 3. коло, овој пат пред своите навивачи против Спал со 2-0.

Триумфот на „нераѕурите“ беше најавен со голот од пенал на Икарди во 27. минута.

Конечните 2-0 ги постави Иван Перишиќ со прекрасен гол со волеј удар во 87. минута од средбата.

Ivan Perisic Goal HD – Internazionale 2-0 SPAL… by lfooty

По оваа победа Интер со максимални 9 бода се израмни на врвот од табелата заедно со Јувентус.

Се вчитува...