Маестрален меч на Роналдо: Хет-трик за триумф над Тотенхем (ВИДЕО)

Мастрален натпревар за Кристијано Роналдо кој на најдобар можен начин се врати во тимот на Манчестер јунајтед за победа од 3-2 против Тотенхем во 29. коло од Премиерлигата.

Покажувајќи ја својата фудбалска големина Португалецот во 12. минута донесе водство за својот тим на спектакуларен начин. Роналдо се одлучи на шут од 20 метри и на феноменален начин погоди на „Олд Трафорд“ за водство од 1-0…

Тотенхем успеа да израмни со погодокот на Хари Кејн од пенал во 35. минута, но веќе во 38. минута Роналдо со својот втор гол носи предност од 2-1.

Во второто полувреме, Тотенхем со автоголот на Мегваер во 72. минута повторно доаѓа до израмнување, но Кристијано Роналдо со хет-трик во 81. минута носи конечна победа за „црвените ѓаволи“ од 3-2.


Се вчитува...