Маестралниот Јокиќ „виновен“ за отказ на тренерот на Портланд

По девет сезони поминати на клупата на Портланд, Тери Стотс доби отказ од оваа франшиза откако повторно не успеа да ја надмине четвртфиналната пречка во плејофот. Овој пат на патот на Портланд застанаа Денвер и Никола Јокиќ кои со 4-2 придонесоа за раскин на договорот на искусниот стратег.

Во овој потег се погласни се гласините за започнување на процес на „ребилдинг“ на тимот. Незадоволство покажа и Дамиен Лилард кој целата своја кариера ја помина во редовите на Портланд, а само амбициозен тренер би можело да го задржи бекот во тимот со огромен потенцијал.

Во овој контекст се споменува Чонси Билапс, легендарниот играч кој моментално е помошен тренер во Клиперс, поранешниот тренер на Њујорк и Хјустон, Џеф Ван Ганди, како и Мајк Д’Ентони кој во моментов работи како помошник во Бруклин.

Се вчитува...