Маестралниот Кире Лазаров: Гол во последната секунда за драматична победа на Нант

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров потсетувајќи на бројни свои извонредни партии донесе победа од 28-29 (14-10) за Нант на гостувањето против Шамбери  во францускиот шампионат.

Лазаров, буквално во последната секунда од мечот, погоди за осма победа на својот тим. Македонскиот ракометар беше и најефикасен на средбата со шест гола од десет обиди, дополнети и со пет асистенции.

По 11-то коло во Франција, Нант е на петтото место на табелата со осум победи и три порази.

Се вчитува...