Маестро Јокиќ донесе победа над Голден Стејт, блесоци и на Морент и Дерозан (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Денвер стигнаа до 33. победа во НБА лигата откако изминатата вечер славеа над Голден Стејт со 116-117. Српскиот интернационалец имаше нова неверојантаа партија проследена со 35 поени, 17 скока и 8 асистенции, додека Стеф Кари ги предводеше домаќините со 25 поени и 6 асистенции.

Притоа актуелнот МВП ја имаше и клучната асистенција за поените на Морис кој успеа да погоди со звукот на сирената за победа.

Џа Морант повторно блескаше на теренот овој пат со 44 поени и 11 асистенции во победата на Мемфис од 119-123 над Портланд на Јусуф Нуркиќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина мечот го заврши со 32 поени, 8 скока и 4 асистенции.

Демар Дерозан пак ја продолжи низата на натпревари со повеќе од 35 постигнати поени откако во победата од 125-118 над Сакраменто уфрли 38 поени, 6 скока и 6 асистенции. Него го следеше Вајт со 31 поен, 6 асистенции и 5 скока, додека Сабонис беше првото име кај гостите со 22 поени, 12 скока и 8 асистенции.

Во останатите натпревари Атланта славеше со 109-130 против Орландо, Детроит го совлада Бостон со 111-112, Индијана беше поуспешна од Вашингтон со 113-108, Бруклин го доби градското дерби против Њујорк со 106-111, Торонто славеше против Минесота со 91-103, Сан Антонио го доби гостувањето кај Оклахома со 106-114, Феникс стигна до нова победа по триумфот над Хјустон со 124-121, а Лејкерс славеа против Јута со 106-101.

Се вчитува...