Никола Јокиќ, актуелниот МВП на НБА лигата и во новата сезона доминира „преку барата“. Српскиот интернационалец игра неверојатна сезона во која бележи речиси трипл-дабл по натпревар, а во овој сегмент успеа да го премине Џејмс Харден на вечната листа откако мечот против Минесота го заврши со 27 поени, 11 асистенции и 10 скока.
Српскиот центар сега се наоѓа на седмото место на листата со 63. трипл-дабл учиноци во кариерата за кои му беа потребни само 496 натпревари за разлика од Американецот кому кој до овој број стигна по 1014 натпревари.
Games played:
Harden: 1014
Jokic: 496— JUCOadvocate – Brandon Goble (@JUCOadvocate) December 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА