„Маестро“ Јокиќ му одржа час по кошарка на Њу Орлеанс, „ол-ароунд“ меч на Дончиќ (ВИДЕО)

Денвер им се врати на победите откако по продолжение славеше на гостувањето кај Њу Орлеанс со 114-120 благодарение на блескавата партија на Никола Јокиќ.

Српскиот интеранационалец го предводеше својот тим со трипл-дабл учинок проследен со 39 поени од кои 11 во продолжението, а згора на тоа додаде и 11 асистенции и 11 скока.

Одлична вечер имаше и Лука Дончиќ кој во победата над Далас над Мемфис со 96-104 си поигра со трипл-дабл учинокот. Словенецот мечот го заврши со 26 поени, 8 скока и 7 асистенции со што беше клучен играч за прекинување на низата од три порази едно по друго и враќање на победите.

Се вчитува...