„Маестро Пандев“ стрелец за Џенова во ремито со Несторовски (ВИДЕО)

Џенова и Удинезе одиграа без победник 1-1 во натпревар од 27. коло во италијанската Серија А. Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Горан Пандев со својот 98 гол во Калчолигата, донесе водство за домаќините во 8. минута, додека конечните 1-1 ги постави Родриго де Паул од пенал во 30.

Горан Пандев беше заменет во 70. минута, додека Илија Несторовски во игра влезе во 81. минута и ги одигра последните десет минути.

 

 

Се вчитува...