Магдебург е првиот освојувач на ракометната Лига на Европа

Ракометарите на Магдебург стигнаа до титулата во првото издание на Лигата на Европа, откако во финалето во германското дерби славеа над Фуксе Берлин со 28-25. Клучната разлика Магдебург ја направи во првото полувреме во кое одигра неверојатно во одбраната и го доби со плус седум 15-8.

Во вториот дел ракометарите на тимот од главниот град на Германија успеаја да се приближат, но немаа сили за целосен пресврт. Тим Хорнке и Омар Магнусон со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените искусниот Линдберг заврши осум гола. За Берлин не беше доволна ни одличната партија на Дејан Милосављев кој заврши со 18 интервенции.

 

Се вчитува...