Магдебург и Рајн Некар Левен први учесници на Ф4 во Лигата на Европа

Германските Магдебург и Рајн Некар Левен се првите учесници на фајнал-фор турнирот во првото издание на ракометната Лига Европа. Магдебург и во реваншот беше подобар од Кристиансанд овој пат на домашен терен со убедливи 39-31. Магнусон со осум гола и Мертенс и Штајнер со по пет беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Оцвирк со пет гола.

Рајн Некар Левен успеа да ја надомести негативата од еден гол по првиот меч против Чеховски Медведи откако го декласираше на домашен терен рускиот тим со 37-27. Очекувано Енди Шмид со осум гола беше прво име кај победникот, а одличен беше и Џери Толбринг кој мечот го заврши со шест гола. Кај Чеховски Медведи Котов постигна пет гола.

Се вчитува...