Магдебург продолжува со победите – Падна и големиот Кил

Магдебург на нашиот Филип Кузмановски во неверојатен натпревар го совлада големиот Кил со 32-31. Првото полувреме се играше без голмани, ситуација во која за нијанса беше подобар Кил (18-19).

Во вториот дел Магдебург ја засили одбраната дозволувајќи му на Кил да постигне само 12 гола, што беше доволно за конечна победа од 32-31. Нашиот репрезентативец Кузмановски не доби шанса на овој натпревар.

Дамгард беше најдобар поединец во победничкиот табор со 7 гола, додека кај Кил се истакна Екберг кој постигна 10 гола.

Со победата Магдебург се искачи на врвот на табелата во Бундеслигата, со максимален учинок од четири победи.

Се вчитува...