Магдебург убедлив против Балинген, Кузмановски – Талески 0-0

Новата сезона од Бундес-лигата стартуваше со меѓусебна пресметка на македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Филип Талески, во кое Магдебург очекувано ја оправда фаворитската улога против Балинген и триумфираше со убедливи 38-26.

Тимот на Талески беше подобар само во почетните минути, стигна до водство од 0-3, за потоа Магдебург да преземе целосна контрола на теренот и да триумфира со конечни 12 гола разлика. Двајцата Македонци не постигнаа ниту еден погодок, Кузмановски немаше задачи во нападот на својот тим, додека Талески имаше неколку промашувања кон противничкиот гол.

Филип Миркуловски и Вецлар со пораз ја стартуваа сезоната откако загубија на домашен терен од Лемго со резултат 28-32.

Се вчитува...