Магдевски: Без потценување, одиме на победа против Работнички

Последниот натпревар од 3. коло во Првата кошаркарска лига ни носи вечно дерби во СРЦ „Кале“ каде Работнички од 17 часот го пречекува МЗТ Скопје. Во најголемото дерби на македонската кошарка нема фаворити, победува оној кој ќе го остави срцето на терен и тоа беше докажно низ историјата.

Тоа добро го знаат и аеродромци кои се подготвени за предизвикот и велат дека ќе дадат се од себе да се вратат на победите во мак-баскетот и да ги израдуваат своите навивачи.

„Не очекува тежок дерби натпревар со градскиот ривал за кој се надевам дека ќе успееме да се опоравиме од претходниот меч со Струдентски Центар и ќе имаме енергија да одиграме во висок интензитет. Иако екипата на Работнички сеуште не знае за победа во сезоната, не смееме да ги потцениме. Сепак се работи за квалитетна екипа, добро воиграна и која ќе даде се од себе да ја оствари првата победа. Во сабота не очекува повторно долго патување и тежок натпревар во Љубљана со Олимпија, но фокусот е целосно на Работнички и ќе дадеме се од себе да се вратиме на победите во домашното првенство“, изјави за ЕКИПА, Андреј Магдевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...