Магдевски: Да бидеме максимално фокусирани и да го искористиме домашниот терен

Македонската кошаркарска репрезентација претквалификациите за Светското првенство 2023 година ги започнува против Швајцарија, меч кој ќе биде одигран денеска во „СЦ Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.

Македонија на „балонот“ кој се игра во Скопје ќе настапи со драстично промент состав, а еден од лидерите на тимот се очекува да биде Андреј Магдевски. Бекот беше еден од клучните играчи на нашата репрезентацијата во Перм, а по откажувањето на Ненад Димитријевиќ погледите се насочени кон доскорешениот играч на МЗТ Скопје.

„Трениравме напорно еден месец, се посветивме професионално за да ги поминеме овие претквалификации и се надевам дека ќе ја остваривме нашата цел. Се соочуваме со репрезентации кои постојано вложуваат во нивните домашни лиги и се желни за успех. Првиот натпревар е против екипата на Швајцарија, одлична репрезентација која игра брза кошарка. Треба да бидеме максимално фокусирани, да го контролираме ритамот на играта, скокот и да го искористиме домашниот терен најдобро што знаеме“, вели Магдевски.

Се вчитува...