Магдевски: Не сум подготвен 100%, но сакам да и помогнам на Македонија

Македонската кошаркарска репрезенација сеуште чека на првиот триумф во квалификациите за Светското првенство 2023 откако и во третиот обид не успеа да стигне до позитивен резултат. По Шпанија и Украина, подобра од Македонија беше и Грузија која во Тбилиси го искористи отсуството на неколку клучни играчи и сосема заслужено славеше со 91-70.

Главниот проблем во Тбилиси беше организацијата во нападот каде недостасуваа неколку стандардни репрезентативци кои ја покриваат бековската позиција како Андреј Магдевски, Ненад Димитријевиќ, Бобан Стајиќ и Адем Мекиќ, но добра вест за реваншот во Скопје е можното враќање на дел од нив.

Речиси сигурно во СЦ „Борис Трајковски“ ќе истрчаме со кошаркарот на Валенсија, а на паркетот може да настапи и кошаркарот на Плоиешти. Магдевски се рехабилитира од повреда во нашиот главен град, а и покрај тоа што не е сто отстоно подготвен за камбек на теренот вели дека сака да им помогне на соиграчите.

„Рехабилитацијата оди според планот и е во завршна фаза, но сеуште не сум сто отстотно подготвен да се вратам на теренот и да дадам максимум. Денеска ќе имам индивидуален тренинг, утре ќе одработам и тренинг со репрезентацијата па ќе знам и дали ќе можам на настапам против Грузија. Отсекогаш ми било чест да го носам репрезентативниот дрес па и покрај се сакам да им помогнам на соиграчите во недела“, вели Магдевски за ЕКИПА.

Покрај Магдевски можно е и враќање на Адем Мекиќ кој се повреди во Купот на Македонија па не можеше да му помогне ни на МЗТ Скопје во полуфиналето и финалето. Одлуката дали бекот ќе настапи во недела ќе биде позната по консултација со докторот Николиќ.

Се вчитува...