Магична асистенција на Мане, Салах го однесе Ливерпул на 2-0 (ВИДЕО)

Ливерпул уште во 22. минута реши голем дел од прашањето за победникот од дуелот со Манчестер Јунајтед, откако дојде до водство од 2-0.

Нестварна, магична асистенција на Мане до Салах, кој успеа да го совлада Де Геа за да го зголеми водството. Така Египќанецот после асистенцијата за првиот гол, постигнува погодок и го доближува Ливерпул до победата.

Од Манчестер Јунајтед во моментов нема ништо. Тие не можат ниту да го „видат“ голот на Алисон, а не да се обидат да постигнат погодок.

Се вчитува...