„Магична ноќ“ на Ирвинг, Феникс продолжува да „гази“ (ВИДЕО)

Бруклин Нетс стигна до убедлив триумф на гостувањето кај Орландо Меџик од 108-150. Прво име во победничкиот табор беше Кајри Ирвинг кој натпреварот го заврши со 60 поени, од кои дури 42 ги уфрли во првото полувреме, а не играше и последните осум минути од натпреварот.

Покрај 60 поени, Ирвинг натпреварот го заврши и со шест скока и по четири асистенции и украдени топки. Кај поразениот тим најефикасен беше Кол Ентони со 19 поени.

Феникс продолжува со победите, а нова жртва на Санс беше Њу Ореланс Пеликанс кој на домашен терен загуби со 115-131. Девин Армани Букер со 27 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Херберт Џоунс заврши со 22 поени.

 

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Мемфис 102-135 и Мајами – Детроит 105-98.

Се вчитува...