„Магична ноќ“ на Ирвинг, Вориорс се вратија на победите (ВИДЕО)

Кајри Ирвинг го одигра својот најдобар меч сезонава во победата на неговиот Бруклин Нетс на гостувањето кај Шарлот Хорнетс со 121-132.

Одличниот бек-шутер натпреварот го заврши со 50 поени, што е убдливо најдобро достигнување за него сезонава. Кај поразените по 30 поени постигнаа Мајлс Бриџис и Тери Розиер.

Голден Стејт Вориорс се врати на победите откако синоќа на домашен терен го доби Лос Анџелес Клиперс со 112-97. Џонатан Каминга изненадувачки со 21 поен беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Николас Батум уфрли 17 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Кливленд 124-127, Орландо – Феникс 99-102, Мемфис – Њу Орлеанс 132-111 и Оклахома – Милвоки 115-142.

Се вчитува...