„Магичниот Лука“ го остава Далас во игра, победа и за Филаделфија (ВИДЕО)

Далас Маверикс намали на 2-1 во полуфиналната серија во Западната конференција против Феникс Санс откако синоќа славеа на домашен терен со 103-94.

Нормално прво име во таборот на „мавс“ беше Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 26 поени, 13 скока и девет асистенции. Кај поразените Џеј Краудер заврши со 19 поени.

Во полуфиналето од источната конференција и Филаделфија 76 успеа да намали на 2-1 против Мајами откако славеше со убедливи 99-79. Џоел Ембид се врати во таборот на тимот од Филадефлија откако ги пропушти првита два натпревари и успеа да забележи 18 поени и 11 скока. Кај поразените не беа доволни 33 поени на Џими Батлер.

Се вчитува...