Магија на Гранде Пандев против СПАЛ (видео)

Горан Пандев блеска кога е најважно за Џенова, па токму македонскиот ас го постигна првиот гол за својот тим на дуелот против СПАЛ. „Фенерџијата“ е веќе испаднат во Серија Б, но Џенова мора да слави за да си ги зголеми шансите за опстанок, а Пандев е тука за да се погрижи неговиот тим да побегне од 18. место на табелата.

Капитенот на македонската репрезентација одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, извонредно се ослободи од својот чувар и потоа ја смести топката во мрежата на СПАЛ.

Ова е деветти овосезонски гол за Пандев во Серија А, со што македонскиот ас е најдобар стрелец на Џенова.

Се вчитува...