Магија на Суарез, Барселона убедлива со Севилја… (ВИДЕО)

Со одлично одиграно прво полувреме Барселона дојде до сосема заслужена убедлива победа од 4-0 против Севилја во 8. коло од Ла Лига.

Каталонците целокупната задача си ја завршија во првите половина час. Најпрво Луис Суарез постигна евро-гол со ножички во 27. минута за водство од 1-0, а во 32. минута Видал веќе зголеми на 2-0.

Дембеле во 35. минута заокружи на 3-0 и три бода за каталонскиот состав. Во 78. минута Лионел Меси ги заокружи конечните 4-0.

По оваа победа Барселона и натаму е на само два бода од водечкиот Реал Мадрид.

Се вчитува...