Махоумс: Ќе бидам подготвен за новата сезона!

По закрепнувањето од сериозна повреда, квотербекот на Канзас сити чифс, Патрик Махоумс, објави дека ќе биде подготвен за почетокот на сезоната.

Човекот кој ги предводеше Чифс до три титули и покрај прогнозите, очекува да биде подготвен за првото коло.

„Морав да поминам еден тест кој е прилично тежок. Навистина ме исцрпи. Имаше многу скокање и менување на правецот на движење. Но, јас сум натпреварувач. И кога ќе дојде тој тест, ќе го направам. Ќе биде тешко, но со д-р Ден Купер, кој ќе ме тера до крајните граници, очекувам да бидам подготвен за првиот викенд“, изјави Махоумс. 

Канзас сити новата сезона ја почнува на 14. септември со дуел против дивизискиот ривал, Денвер бронкос.

Се вчитува...