Махрез со гол во последните секунди донесе финале за Алжир

Алжир ќе игра во финалето на Купот на африканските нации против Сенегал, откако во втората полуфинална пресметка славеше против Нигерија со 2-1.

Најзаслужен за патот во финале на Алжирците е фудбалерот на Манчестер сити, Ријад Мархез кој постигна победоносен гол во 95. минута и тоа на прекрасен начин директно од слободен удар од 18 метри.

Претходно, Алжир поведе во 40. минута со автоголот на Торс-Еконг, а Нигеријците израмнија преку Игало од пенал во 73. минута.

Во првото полуфинале Сенегал по продолженијата беше подобар од Тунис победувајќи со 1-0.

Се вчитува...