Мајами го победи Чикаго во дербито на истокот, Морент со 52 поени го носеше Мемфис до триумф

Кошаркарите на Мајами го надиграаи  го совладаа Чикаго со 112-99 на свој терен во директниот дуел за првото место на табелата во источната конференција. Мајами до 41. победа во сезона дојде благодарение на тимската игра, во која дури петмина играчи имаа двоцифрен број на поени.

Од самиот почеток Мајами ја презеде иницијативата, направи добра разлика, и до крајот само ја одржуваше. Најефикасни во победничкиот тим беа Тајлер Хиро и Гејб Винсент со по 20 поени. Зак Левин во поразениот тим постигна 24 поени.

Со одличната партија на Џа Морант, Мемфис успеа да го совлада тимот на Сан Антонио со 118:105. Тоа беше рекорд на кариерата на Морант, кој имаше и низа на атрактивни потези. Плејмејкерот покрај постигнатит 52 поени, имаше и 7 скока и две асистенции, а погодуваше и од неверојатни позиции.

Погоди четири тројки без ниту едно промашување, а од 30 обиди за два, не реализираше само осум.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – Минесота 122:127
Орландо – Индијана 119:103
Бруклин – Торонто 97:133
Мајами – Чикаго 112:99
Мемфис – Сан Антонио 118:105
Милвоки – Шарлот 130:106
Оклахома – Сакраменто 110:131

Се вчитува...