Мајами со франшизен рекорд до „брејк“ во Бостон

Мајами поведе со 2-1 во финалната серија од Источната конференција против Бостон откако на гостински терен славеше со 103-109. Тимот од Флорида одигра одлична одбрана со која стигна до 19 украдени топки и постави нов франшизен рекорд.

Добрата игра во првата четвртина им донесе на гостите предност од 18-39, а истата беше задржана и до крајот и покрај тоа што домаќините во последните десет минути успеаја да ја намалат негативата на само шест поени.

Џејлен Браун беше лидер на Бостон со 40 поени и 9 скока, додека Ал Хорфорд додаде дабл-дабл од 20 поени и 14 скока. Со 31 поен, 10 скока и 6 асистенции мечот го заврши Бем Адебајо, а 17 поени и 7 скока додаде Пи-Џеј Такер.

Се вчитува...