Мајами тргнува по потписот на Кевин Дјурант

Кевин Дјурант е главна приказна летово во НБА лигата. Искусното крило побара трејд од Бруклин нетс, а на готовс се веќе голем дел „франшизите“ во најсилната кошаркарска лига кои би сакале во своите редови да го имаат одличниот кошаркар.

Мајами хит е еден од тимовите кои што се најмногу „загреани“ за потписот на двократниот НБА шампион. Тимот од Флорида за Дјурант ќе го понуди својот центар Бем Адебајо, како и три пика од првата рунда на следните драфтови.

Доколку се случи овој тим, „жешките“ следната сезона ќе бидат први фаворити во Источната конференција за финале во најсилното кошаркарско првенство во светот.

Се вчитува...