Мајк Џејмс го избра Монако пред НБА

Мајк Џејмс ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако реши да остане во Монако и во наредната сезона. Одличниот бек имаше клаузула во договорот што му овозможуваше да се пресели во НБА, доби и неколку понуди од најсилната лига во светот, но на крајот реши да остане во таборот на „кнезовите“ и со овој тим да се обиде да стигне до трофејот во Евролигата.

За потсетување, Монако летово го ангажираше повеќекратниот олстар-играч Кемба Вокер, кој заедно со Мајк Џејмс ќе формира извонреден бековски тандем што дефинитивно ќе биде кошмар за противниците, како во француското првенство, така и во елитното европско натпреварување.

Мајк Џејмс минатата сезона имаше просек од 15,9 поени, 4,4 асистенции и 3,7 скокови по натпревар.

Монако во меѓувреме ги прекина преговорите со Никола Миротиќ, откажувајќи се од намерата да го доведе екс-кошаркарот на Барселона во своите редови.

Се вчитува...