Мајк Дин призна по скандалот на „Стемфорд Бриџ“: Погрешив…! (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Челси и Тотенхем (2-2) на „Стемфорд бриџ“, беше одбележан од неколку контроверзни одлуки, од кои една во последните минути која, се чини, и го промени конечниот епилог на средбата.

Судијата во ВАР-собата, Мајк Дин призна дека требало да го повика главниот арбитар Ентони Тејлор да ја погледне спорната ситуација во која Ромеро го повлече Кукуреља за коса.

„Не можев да барам слободен удар за Челси, но можев да го повикам Тејлор да ја погледне спорната ситуација. Мене на прв поглед не ми изгледаше ништо посебно потегот на Ромеро, сепак кога ја погледнав подоцна снимката сфатив дека згрешив“ – признава судијата.

Се вчитува...