Мајката на Пеп Гвардиола почина од COVID-19

Мајката на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола почина од коронавирус потврди клубот во официјално соопшетние на социјалните мрежи. 82-годишната Долорс Сала Карио починала во Барселона.

„Семејството Манчестер Сити со големо жалење информира за смртта на мајката на Пеп Гвардиола која беше заболена од коронавирус. Сите што се поврзани со клубот испраќаат сочувство до Пеп, неговото семејство и до сите пријатели погодени од оваа загуба“ – стои во објавата на Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола донираше еден милион евра за помош во борбата со коронавирусот во Шпанија, една од земјите најпогодени од пандемијата.

 

 

 

Се вчитува...